УЕФА денеска официјално ја потврди информацијата дека три места од 24 учесници на следното Европско првенство 2024 ќе бидат обезбедени преку натпреварувањата во Лигата на нации.
Германија, како домаќин на ЕВРО 2024, има директно место, а покрај оние три селекции од Лигата на нации уште 20 репрезентации ќе обезбедат учество низ редовните квалификации за ЕП.
„За Евро 2024 ќе бидат осигурани три места преку Лигата на нации. Ќе бидат одредени 12 тима кои ќе играат плеј-оф, а во прашање се 12 победници на групите во лигите А, Б и Ц. Ако победниците во овие групи веќе обезбедиле место на ЕП преку редовните квалификации, тогаш ќе бидат заменети со најдоброрангираните селекции од нивната лига. Доколку во лигата нема доволно селекции кои не се квалификувале низ квалификациите, баражот ќе се пополни со селекции од следната по квалитет лига, заклучно и со Лига Д“ – се наведува во соопштението од УЕФА.
На тој начин, веќе и сосема е јасно дека Македонија ќе мора најпрво да го освои првото место во Групата 4 од Лига Ц, а потоа ќе ја очекува плеј-оф полуфинален бараж со уште трите селекции победници во другите групи. Победникот во финалето од баражот од Лига Ц ќе обезбеди учество на ЕВРО 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА