Останува само уште еден натпревар на Европското првенство во Германија, а тоа е финалето меѓу Шпанија и Англија кое ќе се одигра денеска на „Олимпискиот стадион“ во Берлин од 21 часот. Покрај тоа што ќе дознаеме кој ќе стане нов шампион на Европа, ќе ја добиеме и Златната копачка, односно најдобриот стрелец.
Во моментов шест играчи на контото имаат три погодоци, а единствените двајца кои се во финалето, односно имаат најголеми шанси за ова признание се Дани Олмо и Хари Кејн. Сепак, УЕФА сега донесе одлука која не му оди во прилог на Шпанецот.
Имено, кога имаше изедначување по бројот на голови на претходните шампионите, се гледаше бројот на асистенции, а потоа и бројот на одиграни минути. Овде Олмо има предност пред сите бидејќи има две асистенции, Гакпо и Микаутадзе имаат по една, додека Кејн, Мусиала и Шранц немаат ниту една.
Сега УЕФА ги промени правилата. Доколку има повеќе фудбалери на првото место по голови, сите ќе ја поделат наградата, што значи дека, ако ниту Олмо ниту Кејн не постигнат гол во финалето, титулата најдобар стрелец на турнирот ќе ја понесат шест фудбалери. Вакво сценарио се уште не е видено во историјата на европските првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА