УЕФА отвора истрага против Барселона за „случајот Негреира“

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) смета дека има доволно аргументи за потенцијално прекршување на прописите во случајот со поткупувањето на судиите од страна на шпанскиот прволигаш Барселона. Оттаму, сметаат дека постои случај и пристапуваат кон отворање на досие за спроведување истрага за случајот „Негреира“.

Согласно член 31(4) од Дисциплинската регулатива на УЕФА, назначени се инспектори да спроведат истрага за потенцијално прекршување на правната рамка на УЕФА од страна на Барселона во врска со таканаречениот „Случај Негреира“.

 

Се вчитува...