УЕФА објави дека европската куќа на фудбалот покренала дисциплинска постапка против Фудбалскиот Сојуз на Албанија поради инцидентите што се случија за време на синоќешниот натпревар со Италија во првото коло од ЕВРО 2024, пренесува „Ројтерс“.
Како што е наведено, дисциплинската постапка следи поради фрлањето на тврди терени на терен, како и поради втрчувањето на албанските навивачи на теренот за време на мечот со европскиот првак Италија.
Исто така, Фудбалскиот Сојуз на Албанија ќе плати казна за палењето на пиротехнички средства за време на мечот, како и за „пренесување на провокативни пораки неприкладни за спортски настани“. Се очекува казната да биде финансиска, а нејзината висина да биде обелоденета во следните 48 часа.
Албанија во второто коло од својата група на ЕВРО 2024 ќе се сретне со селекцијата на Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА