УЕФА отвори нова истрага против Англија

УЕФА отвори нова дисциплинска постапка против Англија поради нередите кои се случија пред, во текот и по финалниот натпревар на Европското првенство против Италија.

„Именуван е етички и дисциплински инспектор кој ќе води истрага за случувањата во кои учествуваа навивачите на стадионот и пред него“, стои во соопштението од УЕФА. 

Фудбалската федерација на Англија се обвинува и за недолично однесување на навивачите во текот на интонирањето на химната на Италија, исто така и за присуство на публика на теренот, како и користење пиротехника и фрлање на предмети кон играчите.

Навивачите се тепаа меѓусебно на Вембли, а на една снимка се гледа и дека едно дете е повредено. За потсетување во слична ситуација Англија беше и по полуфиналниот меч против Данска.

Се вчитува...