УЕФА планира промена на форматот на Европското првенство кое требаше да се одржи оваа година, но поради пандемијата на коронавирусот е поместено за следната година во месец јуни.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин истакна дека не е неопходно да се ира во 12 града раштркани по целиот континент и дека шампионатот би можел да се игра во неколку или во само една земја.
„Или пандемијата ќе заврши, или ќе биде тотална катастрофа. ЕП 2021 сигурно е се одржи според распоредот од 11. јуни до 11. јули 2021, но под знак прашалник е дали ќе се одржи во повеќе земји“ – вели Чеферин.
Според првичната одлука ЕП треба да се одржи во Рим, Лондон, Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенаген, Даблин, Глазгов, Минен и Санкт Петербург. Но, можно е уште од сега неколку градови да се повлечат како Баку, Санкт Петербург и Билбао.
Како што најавуваат дел од англиските медиуми, ЕП 2021 би можело да се одржи само во една земја, Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА