УЕФА по 24 години ќе дозволи стоење на навивачи

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) би можела да им дозволи на клубовите да вратат стоење на трибините на мечевите.

Навивачите на трибините во Германија веќе ја имаат таа можност, а оваа иницијатива тргна токму од верните фанови од оваа земја.

„Оваа одлука на УЕФА е пресвртница за меѓународниот фудбал“, изјави претседателот на Баер Леверкузен, Фернандо Каро. 

УЕФА забраната ја донесе во 1998 година по пример на англиската ФА, поради катастрофата на „Хилсбороу“ каде 97 луѓе во 1989 година го загубија животот. Четири години порано, 39 луѓе го изгубија животот на стадионот „Хелсел“ во Белгија.

Се вчитува...