Суперкупот на УЕФА, традиционалниот предвесник на европската фудбалска сезона, би можел да претрпи целосна трансформација и да стане турнир со четири екипи.
Оваа промена отвора врата за играње натпревари надвор од Европа, а САД и Блискиот Исток се споменуваат како најверојатни дестинации, пишува „Телеграф“.
Сегашниот формат вклучува само еден натпревар помеѓу победниците на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Европската фудбалска организација веќе го разгледа редизајнот на Суперкупот. Во документот од 2022 година, кој беше користен за продажба на ТВ права за циклусот 2024-2027, беше споменат новиот турнир. Планот вклучуваше четири клуба, две полуфиналиња и финале, но не беше прецизирано кој ќе се квалификува освен победниците на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Иако идејата беше тивко одложена во тоа време, таа би можела да се оживее во новата рунда на продажба на права, предводена од УЕФА и нејзиниот нов американски партнер „Релевент“. Иако не се очекува европските радиодифузери да ги зголемат своите понуди, „Релевент“ е насочен кон американскиот пазар, каде што има голем интерес за натпреварувачки мечеви на европските клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

