Фудбалскиот свет се уште вниманието го насочува кон реванш средбата од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Јувентус на „Сантијаго Бернабеу“.
Се започна со одлуката на судијата Мајкл Оливер за пенал во судиското продолжение во корист на „кралевите“ по кој беше елиминиран Јувентус. Сето тоа донесе тензија на теренот, но и надвор од него.
Според тврдењата на италијанските и шпанските медиуми имало и физичка пресметка во тунелот на „Сантијаго Бернабеу“ во која во главна улога бил дефанзивецот на шпанскиот тим, Марсело. Дошло до судир меѓу неколку играчи на двата тима.
Токму и за случувањата во подтрибинскиот простор наводно е запишано во извештајот на делегатот од мечот, поради што од страна на УЕФА веќе е активирана истрага. Според најавите можни се жестоки казни за сите фудбалери кои биле вклучени во инцидентот по крајот на мечот, иако засега не се спомнуваат конкретни имиња.
Исто така, казнет ќе биде и капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос кој се најде на теренот во финишот на средбата, иако поради суспензијата точно е определен простор околу теренот каде не смееше да биде присутен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА