УЕФА покрена дисциплинска постапка против Даку за скандалозните навреди на Македонците!

УЕФА покрена дисциплинска постапка против албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку по неговото скандалозно однесување по завршувањето на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска на ЕВРО 2024.

Даку по националистички скандирања „Е.и ги Македонците…, е.и ги Србите…“ наиде на осуда од целата европска фудбалска јавност, па и од албанските фудбалски аналитичари, на што претходно реагираше и Фудбалската федерација на Македонија која со официјален допис до УЕФА побара да биде покренета постапка против Даку.

УЕФА, вечерва, официјално информираше дека „отворена е истрага за недозволено несоодветно однесување од страна на албанскиот репрезентативец Мирланд Даку по завршувањето на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска“.

„За одлуките од поведената дисциплинска постапка ќе има дополнителна информација“ – информира УЕФА.

Европската куќа на фудбалот покрена постапка и против Албанија и Хрватска за заедничките скандирања „Убиј го Србинот“ на истиот натпревар.

Се вчитува...