УЕФА покрена постапка против Јувентус

Фудбалскиот клуб Јувентус потврди дека Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена постапка против него за кршење на финансискиот фер-плеј и очекува казна.

Јувентус очекува казна за кршење на правилата на УЕФА, што би можело да доведе до забрана или ограничување за доведување нови играчи во сезоната 2026/2027, објавија денеска италијанските медиуми.

Црно-белите потврдија дека е почната постапка по објавувањето на билансот на состојба за финансиската година што заврши на 30 јуни 2025 година, бидејќи документацијата содржеше потврда дека клубот прекршил параметар од Правилото за заработка на фудбалерите.

На 18 септември, Јувентус доби потврда од УЕФА дека е покрената постапка против клубот за потенцијални прекршувања на правилата во периодите 2022-2023 и 2024-2025 година.

Исходот од таа постапка се очекува во 2026 година и би можел да доведе до казна, која не би била голема. Позагрижувачко би било воведувањето ограничувања за потпишување нови играчи за натпреварувањата на УЕФА.

Клубот се држеше до коефициентот на трошоци за играчи од 80 проценти за 2024 година и е на добар пат да го исполни ограничувањето од 70 проценти за 2025 година.

Јувентус беше исфрлен од Конференциската лига во сезоната 2024/2025, што им овозможи да се ослободат од финансиските неправилности што ги чинеа бодови во Серија А.

Се вчитува...