Сега е и официјално, европското првенство во фудбал што требаше да се игра од 12 јуни до 12 јули ќе биде одложено за една година. Информацијата први ја обелоденија челниците на Фудбалската Федерација на Норвешка, за сега да ја потврди и раководството на УЕФА, објавувајќи дека новите термини ќе бидат 11 јуни – 11 јули 2021 година.
„Во вакви времиња, најважно е фудбалските фактори да покажат одговорност, единство и солидарност. Здравјето на навивачите, тренерите и играчите се наш приоритет, па УЕФА даде предлози за сите натпреварувања да завршат безбедно, горд сум што наидовме на разбирање и поддршка од колегите од сите земји ширум фудбалска Европа“, изјави Александар Чеферин.
Воедно, европската куќа на фудбалот изрази подготвеност да ги рефундира парите на сите оние фанови со купени билети за натпреварите за ЕВРО 2020, кои нема да бидат во можност да присуствуваат на шампионатот презакажан за една година подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА