УЕФА повторно ги менува плановите како да се завршат ЛШ и ЛЕ

Очигледно е дека УЕФА и тоа како се мачи околу составувањето на новиот календар за продолжување на сезоната по пандемијата со коронавирусот, но и начинот на кој треба да се реализираат баражите за ЕП 2020 кое е одложено за следната година.

Пред само неколку денови се појавија четири можни сценарија околу завршувањето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, но УЕФА сега повторно ги менува плановите.

Сега идејата е три недели постојано да се играат натпреварите од двете најквалитетни европски клупски натпреварувања. Идејата е УЕФА да издејствува националните првенства ширум Европа да се завршат до крајот на јули, а потоа во август низ максимално интензивно тринеделно натпреварување да се дојде до победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Што се однесува до баражите од Лигата на нациите за пласман на ЕП 2020, тие најверојатно ќе се играат во октомври или ноември. А, УЕФА претходно одби да биде намален и бројот на градови домаќини на Европското првенство останувајќи на ставот да бидат истите организатори.

Се вчитува...