УЕФА повторно ја казни Шкендија, овојпат минимално

Македонскиот фудбалски шампион, Шкендија ја доби и третата казна од УЕФА во текот на актуелната сезона во Конференциската лига, повторно поради употреба на пиротехника од страна на навивачите.

Овојпат казната се однесува на домашниот натпревар против Слован Братислава во Скопје, каде делегатот на УЕФА забележал користење пиротехнички средства. Европската куќа на фудбалот беше релативно поблага, па тетовскиот клуб ќе плати 1.750 евра глоба, според најновиот билтен на УЕФА.

Инаку, Шкендија го доби тој натпревар со 2-0 и во моментов се подготвува за клучниот плеј-оф дуел во Конференциската лига против турскиот Самсунспор. Првиот натпревар е закажан за 19 февруари на домашен терен, а реваншот една недела подоцна во Турција.

Се вчитува...