УЕФА преку Дизни ќе привлекува девојчиња во светот на фудбалот

Компанијата Дизни и УЕФА со заедничка програма наречена „Playmakers“ ќе привлекуваат девојчиња да се занимаваат со фудбал. Преку приказните на Дизни ќе се прави обид бројот на девојчиња на возраст од пет до осум години да биде зголемен двојно. Првично програмата ќе биде импелментирана во десет држави каде во училиштата, клубовите и локалните заедници преку раскажувањето приказни ќе се влијае фудбалот да стане поинтересен за девојчињата. Удвојувањето на бројот на девојчиња кои тренеираат фудбал се очекува да биде постигнато до 2024 година.

За разлика од традиционалните фудбалските програми, секој од воведните десет трнеинзи на програмата Playmakers ќе го има наративот на глобалниот хит Incredibles 2. Тренерите ќе ги охрабруваат девојчињата да партиципараат во тренингот преку улоги на популарните карактери како што е Еластигрл, Господин Инкредбл, Даш.

 

Се вчитува...