УЕФА експресно реагираше околу скандалот во финишот од дуелот меѓу Романија и Косово, откако овој натпревар не беше доигран по заминувањето на гостите кон соблекувалната.
Гостинската делегација се жалеше на расизам и фашизам поради извиците „Србија, Србија“ од страна на романските фанови, но УЕФА донесе одлука во корист на Романија – санкционирајќи ги гостите поради самоволно напуштање на теренот. Бидејќи тие се виновни за недоигрувањето на натпреварот, УЕФА го регистрираше со службени 3-0 за Романија, а на Косово му беше одземен еден бод.
Романците поради слаба организација следниот домашен меч ќе го играат пред пазни трибини, а ќе треба да платат и над 100.000 евра парична казна поради бројни престапи, од провокативни политички парили, користење пиротехнички средства, фрлање предмети на терен…
Романија со оваа службена победа се задржи на првото место и обезбеди промоција во Б-дивизијата, додека Косово и порај загубениот бод и службениот пораз остана на втората позиција, па следната година ќе игра бараж со некоја од третопласираните селекции од Б-Лигата на Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА