УЕФА пресуди: Кристал Палас нема да игра Лига Европа

Кристал Палас во новата сезона и официјално ќе се натпреварува во Конференциската лига откако на денешната седница на Судот за спортска арбитража не беше усвоена жалбата на англискиот премиерлигаш за натпреварување во Лига Европа поради прекршување на правилото на повеќе структурна сопственост на клубови.

Овој проблем доаѓа по фактот дека поранешниот акционер Џон Текстор кој е мнозински сопственик на францускиот тим Лион не ги препиша своите акции до рокот кој истече на 1. март.

Кристал Палас и Лион изборија место во Лига Европа, но францускиот тим има предност за натпреварување во попривлечното натпреварување поради подобриот финиш на крајот на сезоната и завземеното шесто место во Лига 1, наспроти англискиот клуб кој беше пласиран како 12-ти во Премиерлигата.

Се вчитува...