Европската куќа на фудбалот инсистира да бидат заокружени шампионатите на 55 членки и да се добијат вистинските прваци во тековните првенства. УЕФА би признала како оправдание за недовршено фудбалско првенство единствено уредба од владата дека не постојат услови за спортски активности во државата или пак анализа на фудбалската федерација дека завршувањето на шампионатот ќе има несогледливи економски последици за клубовите и би го уништило фудбалот во таа земја на подолг рок.
Претседателот Александер Чеферин ова им го соопшти на челниците на сите земји членки и очекува да нема предвреме прогласени шампиони како што тоа беше случај во Белгија. Но, и доколку сепак некоја федерација се одлучи за таков потег, во предвид да се земат тековните табели во националните шампионати. Ова се коси со правилото за УЕФА коефициент, но сепак Европската куќа на фудбалот сака да биде донесено фер решение за да бидат вреднувани постигнатите резултати од тековната сезона.
По ова, јасно е дека ќе продолжи и фудбалот во Македонија. Заедно со натпреварите од националниот Куп треба да се искалкулираат 16 термини, а сезоната најдоцна треба да заврши на 3.август. Оттаму предвидувањата се дека и фудбалскиот шампионат на Македонија ќе мора да продолжи најдоцна на почетокот на јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА