УЕФА реагира: Што е многу, многу е…. Кој игра во Супер-лигата ќе биде казнет и во својата земја

УЕФА реагираше остро на најавите за формирање на Супер-лига на Европа како „приватно натпреварување“ на најголемите европски клубови, заканувајќи се со сериозни санкции за сите оние кои планираат да станат дел од ова „друштво“.

Европската куќа на фудбалот попладнево се јави со соопштение, и тоа заедничко со Шпанската Фудбалска Федерација и Ла Лига, со Италијанската Фудбалска Федерација и Серија А како и со Фудбалската Асоцијација на Англија и Премиер-лигата, како јасна порака дека клубовите нема да ги очекуваат санкции само на европската, туку и на домашната фудбалска сцена.

„Упорното ставање на личните интереси на малкумина пред сите останати предолго беше толерирано. Што е многу, многу е. УЕФА и сите нејзини членки обединети ќе се борат за стопирање на овој проект, кој е во интерес на мал број клубови во време кога солидарноста во фудбалот е попотребна од било кога досга. Ќе се бориме со сите можни мерки, спортски судски, за да го запреме ова натпреварување. Фудбалот е базиран на отвореност и на настап според спортска заслуга, не може да биде на било кој друг начин. Сакаме да биде јасно, сите клубови ќе бидат суспендиран да настапат на било кое друго натпреварување, на домашната, европката или светската фудбалска сцена, а нивните играчи би можеле да добијат забрани за настап за своите репрезентации“, децидно порачуваат од УЕФА.

Се вчитува...