УЕФА не планира застанување на големите промени во Лигата на шампионите. Во пресрет на оваа сезона направи промени околу саатниците на натпреварите, но челниците на европската куќа на фудбалот размислуваат во иднина натпреварите да се играат и за време на викенд, место вторник и среда како досега.
Според планот, кој првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин го изнел и на состанокот на ЕКА, се планира Лигата на шампините да се игра во сабота и во недела, а во вторник и во среда клубовите кои се дел од ова натпреварување да ги играат мечеви во националните првенства.
УЕФА, на тој начин, планира зголемување на заработката затоа што е свесна дека натпреварите би имале многу повеќе ТВ гледаност а маркетиншки далеку поинтересни. Финансискиот колач, потоа, дополнително би се делел и на клубовите.
Притоа, Андреа Ањели, претседателот на Европската клупска асоцијација, предложил и намалување на бројот на клубовите во националните лиги како полесно би се реализирала оваа идеја на УЕФА.
И, сето тоа супер. Само што, по презентирањето на идејата веднаш пристигнаа и првите реакции од ТОП 5 европските лиги. Оваа идеја на Чеферин и Ањели веќе категорични ја одбиле Бундеслигата и Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА