УЕФА се премисли: Украина мора да го смени дресот за ЕВРО 2020

Украинската репрезентација ќе биде принудена буквално во „пет до дванаесет“ да смени детал од дресот за ЕВРО 2020.

Иако првите најави од УЕФА велеа дека дресот на украинската репрезентација е однапред одобрен и нема да мора да се менува, притисоците од Русија на крајот вродија со плод.

На опремата на нашиот втор ривал на ЕВРО 2020 ќе може да остане „Слава на Украина“, но ќе мора да биде отстранет делот на кој пишува „Слава на хероите“, што од Русија беше оценет како провокација кон оваа соседна земја.

„УЕФА на дополнително барање од Русија повторно го анализираше дресот на Украина, по што беше донесена одлука да бидат направени мали промени“, информираат руските и украинските медиуми.

Се вчитува...