Македонскиот првак Вардар доби дозвола од УЕФА да игра на “Телеком Арена” во Скопје против данскиот шампион ФК Копенхаген. Но, на првиот меч ќе биде домаќин, во вторник (25 јули), со почеток во 20 часот, а реваншот ќе го игра како гостин во Данска на 2 август, во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
УЕФА најде сепак соломонско решение откако увиде дека стадионот “Младост” во Струмица не е подготвен за да биде организатор на европски натпревари од ваков ранг. Мечот со Малме во Струмица беше фијаско од организациски карактер, а публиката се обиде на полувремето од трибините да влијае и да се заканува кон главниот судија Жапченко од Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА