Овогодинешното доделување на Златната топка и понатаму е една од главните теми.
Од разни страни доаѓаат објаснувања зошто Родри ја заслужи наградата повеќе од Винисиус, зошто Винисиус заслужи да биде на второто место само поради ароганцијата што ја покажа деновите пред церемонијата, зошто Реал не дојде на церемонијата…
Секако, на социјалните мрежи се појавија приказни дека УЕФА, вклучително и нејзиниот претседател Александар Чеферин, го коментирале изборот, и влијаеле врз него.
Во оваа прилика УЕФА соопшти дека се заканува и со тужби:
„Категорично отфрламе какви било приказни за наводна вмешаност на УЕФА во исходот од гласањето за Златната топка. Ниту УЕФА, ниту нејзиниот претседател не објавија соопштенија или коментари за изборните резултати. Сите извештаи од ваков вид се целосно неосновани и не ја одразуваат реалноста. Ќе го задржиме правото да преземеме правни мерки против секој кој шири такви лаги “, се вели во соопштението на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА