И покрај тоа што романскиот судија Октавија Совре објасни дека побараниот автограм од Ерлинг Халанд бил исклучиво за хуманитарни цели, УЕФА сепак не се согласи со неговиот потег.
Совре објави дека добиените автограми од Халанд ќе бидат пуштени на акција како би се собрале средства за помош на Центарот на лица со тешка форма на аутизам. Но, УЕФА, сепак, го искритикува судијата.
„УЕФА се стреми судиите да бидат почитувани како и играчите, а во таа смисла работи на тоа судиите да бидат атлети, авторитети, полни со почит и професионалци. Како ќе ве ценат играчите ако вие од нив барате потпис или дрес? Бараат ли такво нешто од вас? Ова е неприфатливо, тука се работи за достоинство“ – вели првиот човек на судиската комисија на УЕФА, Италијанецот Роберто Росети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА