Европската куќа на фудбалот и официјално отвори дисциплинска постапка против капитенот на шпанската репрезентација Алваро Мората и неговиот соиграч Родри.
И двајцата ќе бидат под истрага за дисциплинска казна поради скандирањето „Гибралтар е Шпанија“ за време на прославата на шампионската титула на ЕВРО 2024.
Фудбалската федерација на Гибралтар испрати жалба до УЕФА со барање за санкционирање на фудбалерите поради кршење на дисциплинските правила на УЕФА. Од УЕФА информираа дека по деталната истрага поради скандирањето кое ги навреди сите во Гибралтар ќе бидат соопштени и казните за двајцата фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

