УЕФА денеска го објави и официјалниот распоред на сите натпревари во европските купови, меѓу нив и за Конференциската лига во која сезонава своето европско деби ќе го има македонскиот првак Шкендија.
Противниците беа познати од вчера, но од денеска веќе е официјално – оваа најнова европска авантура на Шкендија ќе стартува на 2 октомври во Мадрид, со гостувањето против Рајо Валјекано.
За 23 октомври е закажан мечот со Шелбурн, прв домашен дуел за тетовци во Конференциската лига, по што „црвено-црните“ во третото коло ќе ја пречекаат Јагиелонија.
Гостувањето во Приштина против Дрита е закажано за 27 ноември, потоа ќе следи домашниот меч со Слован Братислава во рамките од петтото коло, а лигашкиот дел од Конференциската лига за Шкендија ќе заврши со гостувањето на Кипар против АЕК Ларнака, меч закажан за 18 декември во 21 часот (сите натпревари од ова шесто коло ќе се одиграат во истиот вечерен термин).
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
Рајо Валјекано – Шкендија – 2. октомври (18.45 часот)
Шкендија – Шелбурн – 23. октомври (18.45 часот)
Шкендија – Јагиелонија – 6. ноември (21 часот)
Дрита – Шкендија – 27. ноември (21 часот)
Шкендија – Слован Б. – 11. декември (18.45 часот)
АЕК Ларнака – Шкендија – 18. декември (21 часот)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

