Европското првенство 2028, каде Шпанија ќе го брани трофејот, ќе биде одржано во Велика Британија и во Република Ирска.
Звучи помалку неверојатно, но реални се можностите на Англија да и биде одземено домаќинството на шампионатот.
УЕФА ја предупреди ФА дека на Англија би можело да и биде забрането да биде домаќин на турнирот ако Сер Кеир Стармер продолжи со своите планови за формирање фудбалски регулатор со државни закони. Според информациите, во јавноста се појави писмо од УЕФА кое е упатено до Министерот за култура на земјата. УЕФА ја предупреди Англија дека мешањето на Владата во водењето на фудбалот не смее да се случува.
Ова доаѓа по постоењето планови за спречување на врвните клубови да формираат Суперлига. Новите закони би му овозможиле на новосоздадениот регулатор да ги надгледува клубовите во првите пет дивизии од англискиот фудбал.
Главната порака на УЕФА е дека фудбалот мора да остане независен. Во спротивно Англија ќе биде суспендирана.
Иако до ЕП 2028 има уште четири години, од УЕФА нагласиле дека ако овие барања не се исполнат, на Англија ќе и биде одземена организацијата на Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА