УЕФА денеска ја изрече казната поради скандалозното навивање на навивачите на Бугарија, кои беа обвинети за расизам за време на натпреварот со Бугарија. Претседателот Чеферин декларативно најави жестока борба со расизмот на фудбалските терени, но кога дојде време за жестока казна, првиот човек на УЕФА и неговите соработници се премислија.
Така, Бугарите се казнети со само два натпревари играње пред празни трибини, од кои вториот меч е условна казна. Ова значи дека Бугарија ќе ја пречека само Чешка на меч без публика, додека вториот натпревар од казната ќе се активира доколку слично однесување на бугарските фанови биде забележано на трибините во наредните две години.
Покрај ова, Бугарската Фудбалска Федерација ќе плати и парична казна од 80.000 евра. Англиската Фудбалска Асоцијација е казнета со 5.000 евра поради недолично однесување на англиските фанови за време на интонирањето на бугарската химна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА