УЕФА со специјална награда за луѓето кои го спасија животот на Кристијан Ериксен

Претседателот на УЕФА, Алксандар Чеферин, им додели награди на девет лица кои учествуваа во спасувањето на животот на Кристијан Ериксен, кога беше избегната трагедија за време на дуелот меѓу Данска и Финска во првото коло од ЕВРО 2020.

Покрај медицинските лица кои се најдоа на теренот и го оживеаја Данецот по срцевиот удар, награда доби и капитенот на данската репрезентација, Симон Кјаер. Тој прв реагираше секунди по страшните сцени, вртејќи го Ериксен на страна и организирајќи ги соиграчите да го обиколат асот на Интер додека лекарите му даваа прва помош на теренот.

„Искрено ја искажувам својата воодушевеност од извонредната реакција на лекарите. Нивната стручност беше одлучувачка за Кристијан да преживее. Тие луѓе се вистинските херои на ЕВРО 2020“, изјави Александар Чеферин.

Се вчитува...