Фудбалската федерација на Хрватска (ХНС) е казнета поради однесувањето на навивачите на Европското првенство во Германија.
ХНС веќе доби две казни, но последната е рекордна. Дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука за казна за инцидентите на натпреварот Хрватска – Италија. Федерацијата е казнета со 105.000 евра поради фрлање предмети (45.000 евра), палење факели (30.000) и недолично однесување (30.000) од страна на некои хрватски навивачи на натпреварот меѓу Хрватска и Италија, кој се одигра на 24. јуни во Лајпциг.
Ова е досега најголемата казна што ја доби Хрватската федерација на овој шампионат, а УЕФА го казни ХНС со вкупно 28.000 евра за палење факели (17.500 евра) и фрлање предмети (10.500 евра) од страна на некои хрватски навивачи на натпреварот меѓу Хрватска и Албанија, а поради инцидентите на мечот со Шпанија изречена е парична казна од 87.875 евра.
Вкупно ХНС ќе треба да плати 220.875 евра казни поради однесувањето на своите навивачи на ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА