Европската куќа на фудбалот (УЕФА) нема да дозволи присуство на навивачите на Шкупи во Софија на реванш дуелот од 2. квалификациско коло од Конференциската лига.
По вчерашните инциденти пред натпреварот меѓу двете екипи во Скопје, УЕФА со одлука за неприсуство на навивачите на македонскиот тим во Софија заради превентива од нескани нови инциденти кои би можеле да бидат со далеку потешки последици.
Како што е познато, вчера во Скопје најпрво во Чаир беше прободен еден навивач на Левски, а потоа бугарските навивачи предизвикаа инциденти на трибините на арената „Тодор Проески“ поради што беа уапсени 19 навивачи на Левски и двајца навивачи на Шкупи.
Навивачите на Левски кои беа уапсени попладнево беа пуштени на слобода. Навивачите од Софија кои останаа во Скопје ги собрале неопходните пари за да ја платат казната за уапсените фанови (200 до 300 евра по лице), по што бугарските хулигани се пуштени на слобода и се вратиле во својата земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА