Српскиот фудбалски клуб, Црвена Звезда доби жестока казна од Европската фудбалска федерација (УЕФА) за инцидентот кои го приредија нејзините навивачи по мечот против Митјиланд во Лигата на Европа. „Црвено-белите“ нема да може да сметаат на поддршката на нивните навивачи на клучниот меч против Лудогорец во петтото коло, а српскиот тим ќе треба да плати и казна од 45.000 евра.
За потсетување, навивачите на белградскиот тим разочарани од поразот од Митјиланд фрлаа предмети кон теренот како би го погодиле главниот судија, а место тоа „подебелиот крај“ го извлече кондицискиот тренер на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА