Салцбург домаќин на УЕФА Супер-Купот идната година

Финалниот натпревар на УЕФА Супер-Купот, кој се игра помеѓу победникот од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, идната 2026 година ќе се игра во Салцбург, соопшти УЕФА.

Извршниот комитет донесе одлука овој меч да се игра во австрискиот град, и на стадионот каде настапува тимот на РБ Салцбург.

Овој натпревар во 2017 година се одигра и во Скопје. Во минатото се играа по два натпревари, односно дома-гости до 1997 година, а потоа од 1998 година до 2012 се играше само во Монте Карло. Од 2013 до оваа година се менуваа стадионите, а покрај Скопје се играше и во Прага, Кардиф, Тбилиси, Трондхајм, Талин, Истанбул, Будимпешта, Белфаст, Хелсинки, Атина, Варшава. Оваа година се одигра во Удине, Италија.

Се вчитува...