УЕФА: Триесет клубови заработиле колку сите други заедно

Триесетте најголеми европски клубови во 2018 година заработиле исто колку и сите други 682 клуба заедно. Во извештајот се истакнува дека 712 клубови од 55 европски фудбалски лиги заедно заработиле 21 милијарда евра, што е за 20 отсто повеќе од една година порано. Сепак, се наведува дека клубовите од Англија, Германија, Шпанија, Франција и Италија имаат 79 отсто од приходите, а дека само триесет клуба заработиле 49 отсто од вкупниот приход.

Се истакнува дека клубовите за плата издвојуваат 64 отсто од приходите, што е највеќе во било која индустрија во светот. Се додава дека 35 клуба за плата даваат по 100 милиони евра годишно. Трансферите не се вклучени во податоците за приходите, бидејќи одвоено се пријавуваат, а многу клубови зависат од нив.

Се вчитува...