Претседателот на Европската асоцијација на клубови, Андреа Ањели потврди дека е дадено зелено светло за трето клупско натпреварување на УЕФА кое наскоро ќе се приклучи на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Андреа Ањели, инаку прв човек на Јувентус, на денешното Собрание на ЕКА откри дека наскоро ќе се добие ново клупско натпреварување…
„Додека се уште се чека потврдата на Извршниот комитет на УЕФА може да каѓам дека е дадено зелено светло да се даде и трето натпреварување кое вкупниот број екипи кои ќе се натпреваруваат во Европа ќе го доведе до 96. Сето тоа од сезоната 2021/2022“ – истакна Ањели.
Форматот на новото натпреварување уште не е откриен но се верува дека ќе биде сличен на поранешниот Куп на победниците на куповите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА