УЕФА забрани четири натпревари во квалификациите за СП 2026

Пред ждрепката на 13 ноември во Цирих, УЕФА објави кои селекции не смеат да играат меѓусебно во квалификациите за пласман на Мундијалот во 2026 година кој ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

Селекцијата на Косово не смее да се падне во иста група со БИХ и со Србија. Забранети натпревари се и дуелите помеѓу Гибралтар и Шпанија, и Украина – Белорусија.

Во раните циклуси, УЕФА ги забрануваше дуелите помеѓу Ерменија и Азербејџан, но овие две селекции сега се во ист шешир, па така не можат да се паднат меѓусебно.

УЕФА исто така потврди дека суспензијата на Русија останува на сила.

Се вчитува...