УЕФА забрани пет двојки во квaлификациите за ЕП 2020

Европската фудбалска федерација (УЕФА) пред ждрепката за квалификациските групи за фудбалското ЕП 2020 година, што ќе се одржи на 2 декември во Даблин, обзнани кои репрезентации не ќе можат да играат меѓусебе во групите.

Во полудиригираната ждрепка во иста група не ќе може да бидат Србија и Косово, Бих и Косово, Ерменија и Азербејџан, Украина и Русија, Гибралтар и Шпанија.

УЕФА ја негува практиката да ги брани меѓусебните средби меѓу државите кои имаат затегнати или неразјаснети политички односи и со вакви одлуки спречува потенцијални конфликти и несакани инциденти меѓу навивачите.

ЕП 2020 година ќе биде прво во историјата што ќе се игра во десет земји.

Се вчитува...