Дисциплинската комисија на УЕФА започна постапка против Фудбалската федерација на Хрватска поради однесувањето на навивачите на натпреварот помеѓу Ерменија и Хрватска одигра во Ереван во квалификациите за Европското првенство 2025.
Хрватска се терети според членот 16 од Дисципинскиот правилник за непримерно однесување на 20 навивачи кои според извештајот на делегатот „на црно“ купиле карти и биле дел од физичката пресметка со ерменските навивачи.
Ова е втор натпревар во низа во кој Фудбалската федерација на Хрватска се најде во центарот на вниманието на Дисципинската комисија. Претходно УЕФА започна иста постапка поради расизам и дискриминација за натпреварот против Летонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА