УЕФА жестоко ја казни Србија

Фудбалскиот Сојуз на Србија ќе мора да плати огромни 173.000 евра поради случувањата на трибините на последните две средби од Лигата на Нации, на гостувањето против Швајцарија и домашниот дуел со Данка што беше одигран во Лесковац.

Од оваа сума, дури 160.000 евра се однесуваат на казна за дуелот во Швајцарија, на кој сојузот ќе треба да плати за однесувањето на своите навивачи од активирање на пиротехника до пораки кои не се прикладни за спортски настани, нанесена штета на стадионот, фрлање тврди предмети на терен. Покрај паричната казна, Фудбдалскиот Сојуз на Србија нема да има право на продава билети на своите две следни гостувања во 2025 година.

Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси доби предупредување откако неговата екиап доцнеше на почетокот на натпреварот.

Што се однесува до мечот со Данска, Фудбалскиот Сојуз на Србија е казнет со 10.000 евра поради влегување на навивачи на терен и 3.000 евра за активирање на пиротехнички средства. Воедно, северниот сосед ќе мора да затвори дел од трибините на следните две домашни средби, и тоа 4.000 затворени седиша на првиот меч и 8.000 затворени седишта на вториот меч, како казна за дисктиминаторското однесување на српските фанови на стадионот во Лесковац.

Се вчитува...