Главната борба на вечерта на УФЦ програмата меѓу Куртис Блејдс и Том Аспинал траеше само 16 секунди бидејќи Аспинал заработи тешка повреда на коленото при еден од првите удари, по што мораше да дојде до прекин.
Разочарувањето беше огромно бидејќи Аспинал важи за еден од најголемите таленти во тешка категорија, тој нижеше победи од самиот влез во оваа категорија, но сега го очекува пауза од октагонот.
Блејдс се покажа како голем човек бидејќи веднаш по борбата се упати во болницата каде што се наоѓаше неговиот ривал, при што двајцата борци ја искористија можноста да испијат заедно по едно пиво.
„Пивото ги орасположува сите. Каков човек, големиот Куртис и неговиот тим ме посетија за да ме поздрават. Вакви страшни повреди за жал се случуваат и се дел од спортот“, напиша Аспинал на својот инстаграм профил крај фотографијата со Блејдс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

