УФЦ борец го гризна својот противник во стилот на Мајк Тајсон (ВИДЕО)

Бразилецот Игор Северино е дисквалификуван од УФЦ откако во саботата на настанот „Вегас 89“ го гризна ривалот и сонародник Андре Лима. Северино е дебитант во караванот на УФЦ и јасно е дека првиот, воедно и последен меч ќе го памети засекогаш.

Во текот на втората рунда, тој го гризна во задниот дел од надлактицата Лима, кој сфаќајќи како противникот му се заканува, извикал и му сигнализирал на судијата Крис Тоњони да ја прекине борбата. Овој го направи тоа по неколку секунди.

Борбата набрзо и официјално заврши, Тоњони ја прегледа раката на Лима и се консултираше со судиите, а победата му беше доделена на Лима.

Неколку часа подоцна, претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, го објави отказот на Северино од организацијата со која раководи.

 

Се вчитува...