УФЦ-борец му ја скрши раката на својот идол – „Крцкањето“ се слушна и на ТВ преносот (ВИДЕО)

Славниот бразилски ММА-борец Роналдо Соуза најверојатно ја заврши својата кариера откако претрпе ужасна фрактура на раката на УФЦ 262.

Соуза беше во ринг со Ендру Муниз кој ненамерно му ја скрши раката на противникот додека беа во клинч на подот, а со оглед на тоа дека Бразилецот има 41 година и дека следува подолго закрепнување, не е исклучено тој да се повлече од рингот.

“Слушнав како раката пука. Одлучив да го пуштам пред судијата да реагира, го пуштив не само од почит, туку и затоа што можев повеќе да го повредам”, рече Муниз, истакнувајќи дека Соуза е неговиот идол.

Скршеницата на раката јасно се слушна во рингот, а овој страшен звук се слушна и на телевизискиот пренос.

 

 

 

Се вчитува...