УФЦ: Едвардс ја одбрани шампионската титула

Леон Едвардс го одбрани шампионскиот појас во велтер категоријата откако во главната борба на УФЦ 286 која се одржа во преполната „o2“ арена во Лондон слаевеше по судиска одлука против Кемерон Усман. Двајца судии пресудија со 48-46 во корист на Едвардс, а еден судија 47-47.

Британскиот ММА борец приреди изенадување совладувајќи го Нигериецот со нокаут во 2022 година во борбата одржана во Солт Лејк Сити, но овој пат ја потврди својата доминација продолжувајќи ја низата на 12 борби без пораз. Интересно, последниот дојде пред осум години кога загуби токму од Усман.

Се вчитува...