Претседателот на УФЦ, Деjна Вајт на официјалниот прес пред саботниот УФЦ 223, потврди дека на Конор Мекгрегор ќе му биде одземе шампионскиот појас кој го освои пред една и пол година и се уште не го бранел.
На УФЦ 223, Макс Холовеј има шанса да го наследи Мекгрегор како втор борец со два УФЦ појаси, откако ја прифати борбата со Кабиб Нурмагомедов само шест дена пред мечот. Холовеј влета на местото на повредениот Тони Фергусон кој имаше намера провремениот појас да го замени со вистинскиот.
Вајт потврди дека без разлика на промените во главната борба на вечерта, влогот ќе остане шапионската титула, без разлика што мисли за тоа Мекгрегор.
„Нема привремен шампион, кога ќе заврши борбата, еден од овие двајца ќе биде првак и точка. Конор ќе се врати оваа година. Сто отсто ќе се бори годинава! Ќе видиме како ќе заврши овој меч и што понатаму“ – изјави претседателот на УФЦ.
На тоа ирскиот боксер остро одговори на Твитер дека нема намера да го предаде појасот.
„Нема вие ништо да ми земете, ништо нема да направите п…ки“ – напиша Мекгрегор.
Конор Мекгрегор во ноември 2016 година го освои појасот во лесна категорија со победата против Еди Алварез и го додаде на оној освоен во перолесна категорија освоен неколку месеци претходно. Оттогаш Ирецот избегнува враќање во рингот поради што веќе му е одземен првиот појас, а сега ќе остане и без вториот.
Нов шампион, сега веќе сигурно, ќе биде Холовеј или Нумагомедов, а Мекгрегор наесен ќе се врати во ММА и ќе се бори со победникот, најави Дејна Вајт.
Но, ова е само мал дел од проблемите на Мекгрегор кој синоќа заврши и во затвор откако дивјачки нападна група УФЦ борци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА