УФЦ: Неверојатниот Прохаска брутално го нокаутираше Рејес

Уште еден настан на УФЦ се одржа во „Апекс центарот“ во Лас Вегас, а главни актери во полутешка категорија (до 93 кг) беа Доминик Рејес и Јиржи Прохаска. Талентираниот Чех славеше со импресивен нокаут лакт во пресврт од второто коло и најави дека во иднина ќе биде на самиот врв на дивизијата.

Прохаска на тој начин го забележа вториот триумф откако стана член на УФЦ во 2020 година, Јиржи претходно во јули 2020 година го нокаутираше и Волкан Оздемир.

Од друга страна, ова беше трет пораз во низа за Доминик Рејес, трет во кариерата, бидејќи беше поразен од Џон Џонс и Јан Блаховиќ во претходните две изданија на УФЦ натпреварите од шампионскиот појас.

Нокаутот со кој Прохаска победи беше навистина атрактивен, и тоа беше само трет нокаут „врти лакт“ во историјата на УФЦ. На 32-от настап во кариерата, Прохаска ја забележа 28-та победа, 12-та по ред и десетта по ред со нокаут. Поразениот Американец по овој натпревар има скор 12-3.

По борбата, Прохаска во разговор со Пол Фелдер изјави дека го сака својот сосед, Полјакот Јан Блаховиќ и дека би ја прифатил борбата за титулата шампион.

 

 

 

 

Се вчитува...