УФЦ спектакл: Оверим „патосиран“ од Волков

Александар Волков триумфираше со нокаут против Алистер Оверим во главната борба од синоќешниот УФЦ-спектакл. Иако се очекуваше далеку поизрамнета пресметка, Волков доминираше од самиот почеток, со неколку удари со рацете целосно исфрлајќи го од баланс големиот ривал.

Доминацијата на Русинот продолжи и во втората рунда, кога Оверим се најде на подот, а судијата реши да ја прекине борбата откако стана јасно дека Оверим не е во состојба да ја продолжи борбата.

Волков со оваа победа се искачи на самиот врв на листата на предизвикувачи во тешка категорија.

Се вчитува...