УФЦ вечер за паметење: Переира и Аспинол крунисани за нови „кралеви“

Неверојатна вечер ни донесе УФЦ 295 кој синоќа се оддржа во најпознатата сала во светот „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк. Во главната борба на вечерта Бразилецот Алекс Переира со технички нокаут во втората рунда го сопре Чехот Јиржи Прохаска и го освои појасот на шампионот во полутешка категорија (до 93 килограми). Тоа е втора титула на УФЦ во кариерата за 36-годишниот Переира, кој претходно ја држеше титулата во средната категорија (до 84 килограми), кога исто така во „Медисон Сквер Гарден“ го нокаутира Израел Адесанжа. Переира стана само деветтиот борец во историјата на УФЦ кој има титули во две тежински класи.

Имаме и нов привремен шампион во тешка категорија. Тоа е Англичанецот Том Аспинал, кој во првата рунда со нокаут го победи Русинот Сергеј Павлович.

Актуелен шампион е Американецот Џон Џонс, кој првенствено требаше да настапи на УФЦ 295. Сепак, поради повреда на пекторалниот мускул,  тој не можеше да го брани појасот против поранешниот шампион Стипе Миочиќ, па дуелот меѓу Аспинол и Павлович беше за титула.

 

Се вчитува...