Уганда промаши пенал и освои само бод против Танзанија, Мато ја погоди пречката (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Уганда немаше среќа во мечот против Танзанија, и освои само бод во вториот меч во Африканскиот Куп на нации. Селекцијата за која настапува Роџерс Мато од Вардар, одигра само 1-1, но промаши пенал во судиското надополнување, и така „прокоцка“ златна шанса да стигне до трите бода.

Мсува од пенал во 59. минута ја доведе Танзанија во водство. Икпеазу израмни во 80. минута од средбата.

Во 90 минута досуден удар од белата точка. Меѓутоа Окело не го реализираше, односно шутираше над голот и така пропадна шанса да победа. Мато беше стартер и го одигра целиот натпревар, а најдобрата шанса ја имаше кога ја погоди пречката во 16. минута од натпреварот.

Се вчитува...