Одбојкарите на Штип УГД се освојувачи на националниот куп на Македонија откако во финалето на фајнал-фор турнирот кој се играше во Радовиш славеа над Струмица со максимални 3-0, по сетови и 25-21, 26-24 и 25-21.
Иако резултатот на прва делува убедлив, сепак двата најдобри тима во нашата земја ни дадоа голема борба во сите три сета во кои посконцентрирани беа штипјани и на крајот заслужено дојдоа до трофејот.
Претходно во женското финале во трилер-меч Наковски Волеј со 3-2 славеше над Јанта Волеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА