УГД Штип во машка и Работнички и Наковски волеј ги добија противниците во Челинџ купот

Уште три македонски одбојкарски клубови денеска ги дознаа противниците за европските купови на ЦЕВ за новата сезона.

УГД Штип во машка и Работнички и Наковски Волеј во женска конкуренција ги добија ривалите за првите кола во рамките на Челинџ Купот.

УГД Штип во својот прв натпревар во историјата во Европа за противник во Челинџ купот ќе го имаат Кол Ил од Норвешка. Првиот меч ќе биде на гостински терен во периодот од 11. до 13. ноември, додека реваншот е закажан за една недела подоцна во Македонија.

Кај дамите, вицешампионот Работнички ќе игра против естонскиот претставник РАЕ Јури. Првиот меч ќе се игра во Скопје, додека реваншот е закажан за Естонија.

Наковски Волеј пак во првиот меч ќе и гостуваат на екипата на ТЈ Острава од Чешка, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна.

Се вчитува...